Европа е заобиколена од два океани и голем број надворешни и внатрешни мориња. Благодарение на тоа, Европа има неколку големи полуострови. Скандинавски, Пиринејски, Апенински (тоа се само еден дел) и голем број на острови, од кои најголеми се Велика Британија, Исланд и Ирска.
Кога ќе ја погледнеме картата на Европа на прв поглед, можеме да забележиме дека полуостровите и островитесочинуват една третина од површинатана континентот.
Со ерозија на ледниците на северот на Европа настанале голем број фјордови кои се наоѓаат главно по должина на западната брегова линија на Скандинавскиот полуостров.
Со абразија на морските брегови од брановите на островите Велика Британија и Ирска настануват клифови – стрмни абразиски падини.