Со набљудувањето и со проучувањето на природните појави во секојдневниот живот ги запознаваме природните – ФИЗИЧКИ закони.
Ова знаење ни овозможува опстанок, но и ни го подобрува квалитетот на животот.
ФИЗИКАТА ја изучува МАТЕРИЈАТА, нејзините особини, заемното дејствување и движењето во просторот и во времето. Освен опити, физиката користи и поставување ТЕОРИИ.
Пред појавата на компјутерите, овие теории можеа да бидат потврдени и докажани само со математички пресметки, а денес во добата на суперкомпјутерите, имаме можност да поставиме симулации на физички појави кои е тешко или невозможно да се изведат како експеримент: тоа се нуклеарните реакции на ѕвездите, реакциите кои се одвиваат меѓу и во молекулите и атомите и можеби судирот на галаксии.
Поради тоа велиме дека ФИЗИКАТА Е ТЕОРЕТСКА НАУКА.