ШТО Е МАТЕРИЈА?
МАТЕРИЈАТА е она од што е направена природата.
Основна особина на материјата е постојаното движење.
Материјата не може да се уништи, туку само преминува од една форма во друга форма. (водата од течна може да премине во гасовита или во цврста форма)

Природните појави кои се јавуваат во природата и ние ги набљудуваме и ги изучуваме не се ништо друго освен последица на движењето на материјата.
Од МАТЕРИЈАТА е направена ПРИРОДАТА.
Двете основни форми на материјата се СУПСТАНЦИЈАТА и ФИЗИЧКОТО ПОЛЕ.

СУПСТАНЦИЈАТА е формата на материјата што ја препознаваме со сетилата, ја гледаме, го чувствуваме нејзиниот мирис или вкус.
(Различни тела можат да бидат направени од иста супстанција, додека едно тело честопати содржи неколку видови супстанции. На пример, тетратката е од хартија, а клупата може да биде направена од железо и од дрво)
ФИЗИЧКОТО ПОЛЕ е невидлива форма на материја. Неговото постоење можеме да го докажеме, а можеме и да го почувствуваме дејството на физичките полиња.
(Сите чувствуваме дека Земјата нè влече кон себе, а тоа е последица на дејствувањето на едно од физичките полиња...)