КАПКА ПО КАПКА, ДОЛИНА
Реката извира на планина и таму тече многу брзо бидејќи планината е стрмна. Водата со својата брзина го поместува карпестиот материјал и прави речно корито, односно таа врши ерозија.
Речно корито е вдлабнатината низ која што тече реката. Задлабочувајќи го речното корито, реката ја формира речната долина.
