Рековме дека меридијаните и паралелите се означуваат со броеви т.е. степени.
А сега знаеме дека географската мрежа е поделена на меридијани и паралели.
Меридијаните почнуваме да ги броиме од мeридијанот Гринич - го означуваме со нула степени, а паралелите од екваторот исто така ги означуваме со нула степени.
Како тогаш не ги мешаме гринич и екваторот кога и двата ги означуваме со нула степени?
Овде ни помагаат поимите географска ширина и должина за кои ќе зборуваме во оваа лекција.
Гринич е на нулта географска должина, а екваторот е на нулта географска ширина.
