Површината на Јужна Европа е 1.426.838 км2.
Според природните и социо-географските карактеристики издвојуваме два региона:
- Медитерански земји
- Балкански земји
Медитеранските земји не ги претставуваат сите земји свртени кон Средоземното море, туку само оние за кои луѓето отсекогаш биле фокусирани да живеат и работат покрај бреговите на Средоземното море. Тие земји се: Шпанија, Португалија, Италија, Грција, Андора, Малта, Сан Марино и Ватикан.
Балканските земји ги претставуваат сите земји кои не се во Медитеранскиот регион како што се: Србија, Црна Гора, Бугарија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска.
