Денешната Германија е формирана 1990 година со обединување на две Германии кои постоеле на тој простор.
По Втората светска војна 1945 година и поразот на Германија, сојузниците ја поделиле нејзината територија на четири окупациски зони.
Главниот град Берлин беше поделен на четири сектори во 1949 година.
Окупационата зона на Русија е прогласена за Демократска Република Германија – попозната како Источна Германија.
Другите три зони ја создадоа Сојузна Република Германија – попозната како Западна Германија.
Во Берлин, висок ѕид разделил два дела од градот, кои припаѓале на различни Германии.
