РАМНОМЕРНО ПРОМЕНЛИВО ПРАВОЛИНИСКО ДВИЖЕЊЕ
Доколку кај променливото движење траекторијата е права линија, тогаш тоа е променливо праволиниско движење.
Наједноставниот облик на променливото движење е рамномерно променливо праволиниско движење. Тоа е движење на телото по права линија со брзината чиј интензитет рамномерно се менува во текот на времето.