КАЛЕНДАР
Календар претставува систем на пресметување на времето кој е заснован на движењето на вселенските тела. Календарот се состои од: ден, недела, месец, година.
Ден е времето кое и е потребно на Земјата да направи еден круг околу својата оска.
Недела е времето кое е потребно за да се случи една Месечева мена.
Месец е времето кое е потребно да се случат сите Месечеви мени и време кое и е потребно на Месечината да направи круг околу Земјата и околу својата оска.
Година е времето кое и е потребно на Земјата да направи круг околу Сонцето.
