ИЗВОР НА СВЕТЛИНАТА
Сето она што може да ја произведе светлината со брановата должина видлива со голо око, претставува извор на светлина. Изворите на светлината можат да бидат: природни.
Природни извори на светлина се (ѕвезди, молњи, поларна светлина, разни животни...)

Вештачки извори на светлина (факел, ламби, свеќи, сијалици...).
Во светлинските извори топлотната, хемиската, електричната, нуклеарната или други облици на енергија се претвораат во светлинска енергија.
Кога телото ќе се загрее до температура од околу 5000°C, те. до температурата на црвена вжештеност, тоа емитира црвена светлина, па вакво тело е со црвена боја.
Доколку го загреваме и понатаму до температурата на бела вжештеност, ќе емитира бела светлина, а со понатамошно загревање станува синесто. Која од овие потковици има најголема температура? Најчесто се користат термички (топлотни) светлински извори кои ја емитират светлината со загревање на телото.
Како што веќе е кажано, металното тело може постепено да се загрева, најпрво до црвена, потоа до жолта и најназад до бела вжештеност.
Тоа тогаш зрачи енергија претежно во облик на топлотата, а со зголемување на температурата се зголемува и делот на енергијата зрачена во облик на светлината. Температурата на влакното на сијалица е околу 30000°C.
Пламенот од свеќата дава светлина при хемискиот процес на согорување, а светлинскиот гас (рекламни цевки) исчезнува при електричното празнење низ гасот.
Точкестиот извор на светлина е извор на светлина чии димензии се мали во однос на оддалеченоста од која се набљудува.
Знаеме дека ѕвездите се со огромни димензии, но ние ги гледаме како точки. Зошто?