III Њутнов закон (Закон на акција и реакција)
Врз основа на наведените факти во претходните блокови, III Њутнов закон можеме да го формулираме на следниот начин:
Силите со кои телата делуваат меѓусебноедно на друго ги имаат истите интензитети и правци, но да го набљудуваме следниот експаримент кој лесно е да се изведе.
III Њутнов закон или Законот на акција и реакција може да се дефинира на уште еден начин:
Силата на акција по интензитетот (јачина) и правецот секогаш е еднаква со силата на реакција.
Силите на акција и реакција секогаш делуваат истовремено, доколку престане дејството на едната, во истиот момент престанува и дејството на другата. Бидејќи силата како поим е векторска величина, овој закон е поправилно да се напише во следниот облик:
Примери на делување на едното тело врз другото, имаме безброј. Многуте ни се чинат нелогични. Ќе наведеме само неколку. Кога ќе ја пуштиме топката, таа ќе отскокнува. Кажуваме дека тоа е поради тоа што подлогата делува врз неа.
Но, дали топката делува врз подлогата? Секако дека делува и тоа со ист интензитет, ист правец, но спротивна насока. Ние тоа делување на топката врз подлогата не можеме да го „видиме“, но научивме дека постои.

Кога ние го туркаме зидот, се поставува прашање, дали зидот не турка нас?

Доколку првото тело делува врз другото со сила F, тогаш и другото делува на првото со сила F.