МЕСЕЧЕВИ МЕНИ
Месечината додека орбитира околу Земјата, зазема различни позиции во однос на Сонцето, па затоа е повеќе или помалку видлива кога ќе ја погледнеме.
Кога Месечината е во близина на Сонцето, ние не можеме да ја видиме и тогаш кажуваме дека е МЛАДА МЕСЕЧИНА. Тие ноќи Месечината има облик на тенок срп на небото.
Во следните 7 дена Месечината зазема таква позиција во однос на Сонцето, и ние на небото можеме само да ја видиме нејзината десна половина и таа позиција ја нарекуваме ПРВА ЧЕТВРИНА.
Осветлената страна се зголемува од ден на ден и кога можеме да ја видиме целосно осветлената страна на Месечината, тој феномен го нарекуваме ПОЛНА МЕСЕЧИНА.
По полна месечина, осветлената страна на Месечината се намалува и секој ден е се помалечка, а кога видливата страна на Месечината ќе се намали на половина, тој феномен го нарекуваме ПОСЛЕДНА ЧЕТВРТИНА.
После ова Месечината е сѐ помалку видлива и се враќа на позиција каде што започнува нов циклус.
Овој циклус на месечевите мени трае 29,5 дена.
