ПРЕДМЕТИТЕ НА ИЗУЧУВАЊЕ НА ФИЗИКАТА
Ние по природа сме љубопитни суштества и сè нè интересира, особено како и поради што се случува нешто. Со помош на учењето физика, речиси сè што се случува околу нас ќе биде објаснето и сфатено на вистинскиот начин.
Предметите на изучување на физиката се:
механички(движење)

топлински (загревање, електрични појави на електрицитет)

магнетни (привлекување на метални предмети)

светлосни појави (појава на виножито) и други појави

Во природата ништо не се случува случајно. Сè има некоја причина и последица. Задача на физиката е да ги проучува физичките појави и да ги открива законите според кои се случуваат тие.
Физичките закони се изразуваат со математички формули.