Меридијаните се замислени полукружни линии кои се поврзуваат на Северниот и Јужниот пол.
Тие се протегаат во правец север-југ и сите се со иста должина, но не и паралелни.
Меридијаните ги нарекуваме и пладневници, бидејќи во исто време е пладне по целата должина на меридијанот.
Бидејќи сите меридијани се со иста должина, со договор е утврдено дека почетен меридијан е оној што минува преку опсерваторијата на Гринич – Гринички меридијан.
Меридијаните и паралелите се сечат под прав агол и формираат географска мрежа. Означени се со броеви – степени и со нивна помош можно е да се изрази точната положба на кое било место на Земјата.
