Официјалното име на оваа земја е ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И СЕВЕРНА ИРСКА.
Скратено е Обединето Кралство.
Ние исто така ја користиме Велика Британија, па дури и само Британија, а ја користиме и Англија во нашиот говор, но иако ги користиме овие имиња што се однесуваат на целата земја, тие всушност претставуваат само делови од земјата.
Обединетото Кралство е парламентарна монархија, што значи дека шеф на државата е монархот (кралот или кралицата), додека со државата всушност управува Парламентот. Некогаш Обединетото Кралство беше најсилната поморска сила и колонијална империја и држеше околу една четвртина од светот. Иако остана без териториите кои беа под нејзина власт, Обединетото Кралство се уште е една од економски најразвиените земји во светот.