КРАЛСТВО ШПАНИЈА
Површина: 504.782 km2
Популација: 46.070.146
Главен град: Мадрид
Официјален јазик: Шпански
Валута: евро
Шпанија се граничи со Андора, Франција, Португалија и Британија-Гибралтар.

Шпанија го зафаќа најголемиот дел од Пиринејскиот полуостров. Кралството Шпанија ги вклучува Балеарските острови, Канарските острови и два автономни града во Мароко.
Шпанија е мултинационална заедница, мнозинството од населението се Шпанци, а националните малцинства живеат во изолирани области- Баскија, Галиција, Арагон, Валенсија, Каталонија и Андалузија.
Иако шпанскиот е официјален jaзик, во употреба се уште четири јазика.