Растојанието меѓу рамнотежната положба и најоддалечената положба до која стигнува телото при осцилаторното движење е АМПЛИТУДА НА ОСЦИЛИРАЊЕ.
Во примерот подолу тоа е движењето до точката А и Б до кои лулашката стигнува откако ќе помине низ рамнотежната положба О (максималното оддалечување од рамнотежната положба).

Кога нашата лулашка ќе го помине патот од А преку О до Б и ќе се врати до положбата А, извршила една ЦЕЛА ОСЦИЛАЦИЈА.