РАМНОМЕРНОТО ПРОМЕНЛИВО ПРАВОЛИНИСКО ДВИЖЕЊЕ
Рамномерното променливо праволиниско движење е движење на телото по права линија, со брзина чиј интензитет рамномерно се менува со текот на времето.
Ако брзината на телото рамномерно се зголемува со текот на времето, таквото движење се нарекува рамномерно забрзано, а ако брзината рамномерно се намалува, тоа е рамномерно забавено движење.