ДЕФИНИЦИЈА
Притисокот бројно е еднаков на интензитетот на силата што дејствува нормално (под агол од 90 степени) на единица површина на површината што ја притиска.
Тој е изведена физичка величина.
Со зголемувањето на интензитетот на силата Fпритисокот расте, додека со зголемувањето на допирната површина Sпритисокот опаѓа.
Ако со F ја означиме силата што дејствува нормално на површината S, тогаш образецот за притисок (го означуваме со печатната латинична буква р) можеме да го напишеме во следната форма:
p = F/S

Ако ни е познат притисокот и површината на која дејствува, непознатата сила можеме да ја пресметаме со формулата:
F = p*S
