Секоја карта има свој размер.
Размерот (понекогаш наречен скала) ни покажува колку е намалена должината на картата во однос на вистинската големина на површината на Земјата.
Колку ќе биде тоа намалување зависи од територијата што се претставува.
Колку е поголема територијата, толку е помал размерот.
Размерник е графички прикажан размер. Служи за читање на растојанијето помеѓу две точки во природата. Се состои од должини поделени на неколку еднакви делови.
Размерот го изразуваме нумерички, на пр. 1: 1.000.000 или 1: 25.000 и слично.
Размерот е, на пример, означен со 1: 1.000.000,во тој случај 1mm на картата одговара на должина од 1.000.000 mm во природата, т.е. 1 mm на картата одговара на 1 km во природата.
Размерот го изразуваме графички.
Тој ни помага да ја прочитаме вистинската должина на картата. Со линијар или компас, можеме да ја пренесеме должината од картата на скалата и да ја пресметаме вистинската д