Источна Европа е оддалечена од извори на влага и има изразено континентална клима.
Континенталната клима се менува во правец север-југ од многу студена, со поостри варијанти на север, до вистинска степска клима, па достигнува до изразено сува клима па дури и пустинска во областите околу Каспиското езеро.
Само по брегот на Црно Море е застапена варијанта на Средоземна клима, прилагодена на континентални услови.