Просечната надморска висина во Полска е 173 м, а само три посто од територијата е над 500м.
Високиот дел од земјата се огромни планини Судети (на југозапад) и Татри (дел од карпатскиот планински систем на југ).

Речиси една третина од Полска е под шуми. Климата е континентална – долги, студени зими и кратки, топли лета.
Територијата на Полска ја минуваат реки што течат од планинскиот југ кон север и Балтичкото Море.