Централна Европа ја покрива површината од Балтичкото море до високите планини, кои ја формираат северната граница на Јужна Европа.
Сите патишта кои ги поврзуваат западна и источна, северна и јужна Европа минуваат низ Централна Европа. Затоа е значајна нејзината положба и затоа движењето на населението на овие простори било најголемо.

Овој регион се состои од девет земји, кои според географската локација можат да се класифицираат во три групи:
Дунавски земји – Унгарија, Романија, Чешка и Словачка;Алпски земји – Швајцарија, Австрија и Лихтенштајн;
Балтички земји – Полска и ГерманијаПриродните ресурси во регионот се разновидни, но земјите се разликуваат по степенот на природен развој.
Не сите природни ресурси се насекаде подеднакво распоредени, а некои земји се препознатливи по некои од нив.