ЛЕТО
Додека Земјата продолжува да се движи околу Сонцето, сончевите зраци паѓаат под прав агол на северниот повратник и деновите на северната хемисфера, стануваат се подолги. Во периодот помеѓу 20-22 јуни денот трае 16 саати, а ноќта 8 саати и тоа се нарекува летна долгоденица Тогаш сончевите зраци паѓаат под остар аголен простор околу Северниот пол, се распрснуваат и загреваат големи површини со мала количина светлина и топлина. Тогаш на Северниот пол почнува поларен ден кој трае 6 месеци.
Во истиот датум на Јужната хемисфера почнува зимската краткоденица, а на Јужниот пол почнува поларната ноќ.
