Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaГрижа за околината
ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА
Планетата Земја претставува живеалиште на човекот, животните и растенијата. Животната средина во која живее човекот, животните и растенијата мора да биде заштитена од секакво уништување. Секоја загуба би била ненадоместлива.
ОМГ ИНФО
Со развојот на индустријата, сообраќајот, создвањето на голем број на отпадните материи кои се шират во воздухот, водата и почвата. Отпадните материи предизвикуваат загадување природните елементи на животната средина:
- Воздухот
- Водата
- Земјиштето/почвата
- Изумирање на растителниот свет
- Создавање голи пространства без вегетација
- Изумирање на животинскиот свет
- Отежнато дишење и појава на болести
- Загадување на храната
- Загадување на водата
ОМГ ВАЖНО
Животната средина во која живееме мора да биде заштитена од секакво уништување.
- Селектирај го отпадот.
- Грижи се и не го уништувај растителниот свет.
- Отпадоците не ги фрлај во природата.
- Ако можете избегнувајте да ги користите моторните возила.
- Користете природни ѓубрива.
- Исчистете ја вашата животна околина.
- Играта со оган може да создаде пожар и да уништи нечија животна средина.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ
Воздухот е секаде околу нас, иако не можеме да го видиме. Секогаш кога вдишуваме, ние дишеме воздух. Воздухот ни е потребен за да се движиме, размислуваме, играме. Тој овозможува живот на нашата планета. Голем дел од загадувањето на воздухот е предизвикано од човековите активности. Изворите на загадување на воздухот се: природни од (вулкански ерупции, земјотреси и пожари). Вештачкото загадување на воздухот го предизвикуваат фабриките, издувните гасови од автомобилите, согорување на разни отпадни материи, голем број на енергенси кои се користат за добивање на електрична енергија и затоплување на домовите.
ОМГ ИНФО
Воздухот се состои од 78 проценти азот, 21 процент кислород и уште некои други гасови во многу мали количини. Загадениот воздух го загрозува здравјето на луѓето, животните и растенијата. Ги уништува почвите и ги спречува да дадат добар здрав род. Глобалното затоплување придонесува кон менување на климата и појава на силни бури, многу ладни зими, многу топли лета, поројни дождови, подигање на нивото на морето. Овие промени негативно влијаат на луѓето и на околината.
ОМГ ВАЖНО
Загадувањето на воздухот ја оштетува озонската обвивка на Земјата, а исто така предизвикува и глобално затоплување. Можеме да заклучиме дека на целиот жив
свет му е потребен чист воздух за здрав и убав живот. Затоа сите ние треба да помогнеме и да придонесеме за чист воздух.
Што може да направиме за да го зштитиме воздухот?
- Да засадуваме дрвца.
- Да не користиме производи кои ја оштетуваат озонската обвивка.
- Да штедиме енергија преку користење на штедливи светилки.
- Да користиме обновливи извори на енергија.
- Да не палиме оган на отворен простор.
- Да возиме велосипед, ролери, да пешачиме.
- Да користиме јавен превоз наместо да се возиме многу често со кола.
- На фабричките оџаци да се постават филтри.
ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДАТА
Нашата планета се состои главно од вода и копно. Водните екосистеми покриваат повеќе од две третини од површината на Земјата. Целиот живот на Земјата, како што го знаеме, се потпира на вода за да се преживее.
Главни извори за загадување на водата се:
1. Индустрискиот отпад, особено отпадните води
2. Отпадот што го произведуваат домаќинствата – ѓубрето и водата искористена за перење....
3. Хемикалиите кои се користат во земјоделието – пестициди, вештачко ѓубриво…
ОМГ ИНФО
Загадувањето на водата со загадените отпадни води може да доведе до појава на загадување на базените со вода за пиење, реките, езерата. Ѓубривото што го користат земјоделците предизвикува зголемен пораст на растенија, но штетно влијаат на водата. Водата се загадува со фрлање на отпад (пластика, испуштање на нафта, хемикалии, ѓубрива) во реките, езерата, океаните штетно влијае на растителнитот и животинскиот свет. Рибите и другите водени животни умираат од недостаток на кислород.
ОМГ ВАЖНО
На сите живи организми на оваа планетата Земја им се потребни услови за живот. Тие се приспособуваат на живот во средината во која живеат, но кога тие основни услови се нарушени или ги снемува, тогаш и нивниот опстанок е загрозен. Загадувањето на водите штетно влијае врз животинскиот и растителниот свет. Кога сите луѓе би внимавале на животната средина и водените површини, сигурно загадувањето би било на пониско ниво. Доволно е секој од нас, да направи мала промена за заеднички да го намалиме загадувањето и да живееме во поздрава средина. Да уживаме и да се радуваме на чиста, здрава и безбедна околина!
ЗАГАДЕНА ПОЧВА
Најголеми загадувачи на почвата се фабриките, индустрискиот отпад, загадената вода, нафтата, отпадот и др. На почвата на која се наталожиле отровни материи скоро и да нема услови за живот. Отровите кои човекот ги растура по почвата, навлегуваат во почвата и во водата. Водата ја користат сите живи организми. Значи со загадување на водата и почвата, се загадуваат и растенијата и животните кои ние преку пиење на водата и преку исхраната таквите отрови ги внесуваме во нашето тело.
ОМГ ИНФО
Животната средина во која живее човекот, животните и растенијата мора да биде заштитена од секакво уништување. Почвата е извор на добивање на различни видови на житни, овошни и зеленчукови плодови. Почвата треба да се потхранува со природни ѓубрива. Плодовите кои ќе се добијат ќе бидат органски. Тие ќе бидат здрави за јадење. Почвата се загадува и со фрлање на различни видови на отпад.
ОМГ ВАЖНО
Секогаш треба да се внимава да не се загадува почвата, таа е извор на храна. Да се отфрли користењето на вештачките ѓубрива, иако тие го зголемуваат произодството, но се многу штетни и ја загадуваат почвата и подземните води. Загадувањето на почвата е многу штетно за сите живи суштества. Отпадот треба да се селектира. Загадувањето на почвата влијае на опстанокот на животот на плнетата Земја.
Грижа за околината
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!