Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaКлиматски типови
КОЈ ФАКТОР?
Климата има свои елементи: температура и влажност во воздухот, воздушен притисок, ветер, врнежи, наоблачување и инсолација.
Но климата не зависи само од овие елементи, туку зависи и од географските услови, кои ги нарекуваме климатски фактори, а тие се :
Географска ширина,
Распоред на копно и море,
Релјеф,
Ветер,
Вегетација,
Човек.
ШИРИНАТА Е ВАЖНА!
Географската широчина е растојанието од екваторот до Северниот и Јужниот пол.
Колку е поголемо растојанието на место од екваторот, толку е помал аголот под кој паѓаат Сончевите зраци, па количината на топлина е помала. Тоа е причината поради која климата во топлата зона е топла, а кон половите станува постудена.
ЗЕМЈА ДО МОРЕ
Распоредот на копното и морето имаат влијание на температурата и влажноста на воздухот, како и на количината на врнежите.
Веќе научивме дека Земјата побргу се загрева, но и побрзо се лади, и дека морињата побавно се загреваат и побавно ладат.
Ова доведува до тоа да местата коишто се наоѓаат во близина на море да имаат повлажна клима од тие места кои што се во внатрешноста на континентот.
Како се одалечуваме од морето, така температурните разлики се зголемуваат а количеството на врнежи се намалува.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumЛАДНО Е НА НАДМОРСКА ВИСОЧИНА
Релјефот исто така влијае на климата. Со зголемување на надморската височина, температурите се намалуваат, а врнежите се зголемуваат.
ВЕТЕРОТ ДУВА
Ветерот исто така има влијание на климата.
Во зависност од годишното време и правецот од кој дува, влијанието врз климата е различно.
Ако дува од копно, во лето ќе донесе суво и топло време, а ако дува од море ќе донесе дожд и постудено време.
ШУМИТЕ НИ ОЛЕСНУВААТ
Вегетацијата и распределбата на шумите влијаат на климата со ублажување и намалување на температурата на воздухот.
КОЈА КЛИМА ДА СЕ ОДБЕРЕ?
Почнувајќи од екваторот до Северниот и Јужниот пол ги разликуваме следните видови клима :
Екваторијална
Тропска
Суптропска (Медитеранска клима)
Умерено-континентална
Супполарна
Поларна
БЕЗ ПОГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
Екваторијалната клима се појавува во тесниот појас северно и јужно од екваторот. Тука температурите на воздухот се високи во текот на целата година, 24-28C, поради што оваа клима се нарекува и клима на вечно лето.
Високите температури доведуваат до големи испарувања и облаци, така што врнежите се чести и рамномерно распоредени во текот на целата година.
ТРОПСКА
Тропската клима се појавува во тесниот појас северно и јужно од екваторот и високите температури се присутни во текот на целата година,но врнежите се нерамномерно распоредени.
Основна карактеристика на оваа клима е еден дождлив и еден сушен период во текот на годината.
Разликуваме 3 области на оваа клима: тропска, тропско-монсунска и тропска-пустинска.
СУПТРОПСКА КЛИМА
Суптропската клима е застапена северно и јужно од тропската клима.
Во овие предели летата се многу топли и со малку врнежи, додека зимите се благи, температурите не се спуштаат под 0 и ретко врне снег, есента е потопла од пролетта.
На брегот на Медитеранот оваа клима се нарекува средоземна или медитеранска клима.
УМЕРЕНА
Умерено-континенталната клима е застапена во умерената топлинска зона.Тука се застапени сите четири годишни сезони, со топли лета и умерени ладни зими. Температурите и врнежите се умерени.
ОКЕАНСКА КЛИМА
Еден од видовите на умерено-континенталната клима е океанската клима која е застапена покрај бреговите на океаните, со благи зими, средни лета, и големи количини на врнежи.
КОНТИНЕНТАЛНА КЛИМА
Покрај океанската, има и континентална клима како вид на умерено континентална клима.
Континенталната клима настанува со оддалечување од океанот кон внатрешноста на континентот. Тука летата се топли и силни со малку врнежи, а зимите се студени и сурови со многу снег. Есента и пролетта се слаби.
ПЛАНИНСКА КЛИМА
Последен тип на умерено-континенталната клима е планинската клима која има кратки и свежи лета, со долги зими со многу снег и пролет и есен со големи количини на врнежи.
СУППОЛАРНА КЛИМА
На северните брегови на Азија и Северна Америка е застапена суппполарна клима, и овде зимите се долги и многу ладни кои траат и до 9 месеци во годината, а летата се кратки и свежи.
И НА ПОЛАРНИТЕ МЕЧКИ ИМ Е ЛАДНО
Поларната клима се карактеризира само со една сезона-зима. Постојат две варијанти на оваа клима арктичка и антарктичка клима.
Климатски типови
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!