Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaКонтиненти и океани
На површината на нашата планета има вода и копно. Поголемиот дел на Земјината површина е покриен со вода околу 71% а останатиот дел е копно околу 29%.
Водата ја сочинуваат океаните и морињата, а копното се континентите, тие меѓусебно се поврзани. Водата континуирано влијае на процесите што се случуваат накопно. За возврат, континентите ги обликуваат карактеристиките на светските океани. Земното дејство се одвива и во животинскиот и во растителниот свет.
Што е континент?
Континентот е многу голема површина на копно. Еден континент обично е одделен со вода или други природни карактеристики, како планини.Вкупната површина на сите континенти е 139 милиони км 2.
Има седум континенти, подредени од најголемиот до најмалиот по површина:
- Азија
- Африка
- Северна Америка
- Јужна Америка
- Антарктик
- Европа
- Австралија
АЗИЈА
Најголемиот континент во светот е Азија со површина од 45 милиони км2.
2/3 од светското население живее во Азија.
Највисоките планини во светот се Хималаите.
Мртвото Море, најниската точка на копно.
Азија е дом на тигри, мајмуни и џиновски панди.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumАФРИКА
Африка е вториот континент по површина со 30 милиони км2 во светот.
Африка има 54 земји, повеќе од кој било друг континент.
Најдолга река во Африка е Нил .
Сахара е најголемата неполарна пустина во светот.
Во Африка ќе најдете жирафи, слонови и лавови.
СЕВЕРНА АМЕРИКА
Трет континент по ред е Северна Америка со површина од 24 милиони км2.
Најголеми држави се: САД и Канада.
Тиквата и пченката првично потекнуваат од тука.
Северна Америка е дом на мечки и лососи.
ЈУЖНА АМЕРИКА
Јужна Америка е четвртиот континент со површина од 19 милиони км2.
Јужна Америка има само 12 земји.
Најголеми држави се: Бразил и Аргентина.
Овде се наоѓа Амазон, најголемата прашума во светот.
Доматите, компирите и чоколадото потекнуваат од Јужна Америка.
Јужна Америка е местото каде што има лами, мрзливци и јагуари.
АНТАРКТИК
Петти по ред континент е Антарктик со површина од 14 милиони км2.
Најголем дел од Антарктикот е целосно покриен со мраз.
Опкружен е со Јужен Океан.
Тоа е најстудениот и најветровит континент.
Секоја година, стотици научници живеат и работат на Антарктикот.
Антарктикот е дом на пингвини, албатроси и фоки.
ЕВРОПА
Европа е шести по ред континент со површина од 10 милиони км2.
Европа има вкупно 44 земји.
Јаболката, крушите и малините потекнуваат од Европа.
Мнозинството Австралијци имаат предци од Европа.
Европа е дом на лисици, волци и мечки.
АВСТРАЛИЈА
Седмиот по ред со површина од 9 милиони км2. е Австралија.
Австралија уште се нарекува остров-континент.
Најголемиот корален гребен во светот, се наоѓа во Австралија.
Австралиските Абориџини првпат дошле во Австралија пред повеќе од 50 000 години.
Австралија има многу уникатни животни кенгури, коали и ему.
Што се океани?
Океанитесе најголеми водни површини на солена вода, најчесто ограничени или разделени со континенти. Најголемиот дел, околу 2/3 е големото Светско Море. Светското Море зафаќа површина од 361 милион км2.
Постојат пет океани во светот:
- Тихи Океан
- Атлански Океан
- Индиски Океан
- Јужен Океан
- Северен Леден Океан
ТИХИ ОКЕАН
Најголем океан е Тихи Океан со површина од 180 милиони км2. Се простира меѓу западните брегови на
Северна и Јужна Америка и источните брегови на Азија и Австралија.
За време на патувањата во 1520 година, на Фернандо Магелан му се причинило дека Тихиот Океан е многу мирен, по што и го добил името. Но, подоцна било откриено дека океанот и не е секогаш мирен поради бројните вулкански ерупции, земјотреси и тајфуни.
Најдлабоката точка на планетата e Маријанскиот Ров. Таа се наоѓа на дното од Тихи Oкеан, околу 340 km југоисточно од островот Гуам, помеѓу Јапонија и Нова Гвинеја.
АТЛАНСКИ ОКЕАН
Атлантикот е вториот по големина океан во светот и е помеѓу континентите Северна и Јужна Америка, Европа и Африка.
Атлантскиот океан е околу половина од големината на Тихиот океан и покрива приближно 20% од површината на Земјата.
Средноатлантскиот гребен е најдолгиот планински венец на Земјата, се шири од Исланд до Антарктикот под Атлантикот.
ИНДИСКИ ОКЕАН
Индискиот Океан е трет по големина океан во светот. Името го добил по државата Индија.
Индискиот океан е дом на многу загрозени морски суштества, вклучувајќи желки, фоки и дугонги (познати како морски крави).
ЈУЖЕН ОКЕАН
Јужниот океан е четвртиот по големина океан во светот.
Познат е како Антарктичкиот океан бидејќи го опкружува Антарктикот и најдивиот океан во светот.
Јужниот океан е дом на царските пингвини, сините китови, фоки слонови, џиновски лигњи и албатроси.
СЕВЕРЕН ЛЕДЕН ОКЕАН
Северен Леден Океан е најмалиот океан во светот, го опкружува Арктикот.
Често, тој е целосно покриен со мраз.
Меѓу најпознатите видови на животни има 6 видови фоки, морски лавови, разни видови на китови и поларни мечки.
Континенти и океани
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!