Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaСвојства на морската вода
МОРСКАТА ВОДА ИМА ФИЗИЧКИ И ХЕМИСКИ СВОЈСТВА
Физички својства се: температура на водата, оптички својства и движење на морската вода.
Хемиски својства се: хемиски состав на водата и соленоста.
27
Температурата на морската вода околу екваторот е просечно 27 степени Целзиусови и како што се оддалечуваме од екваторот и одиме кон половите температурата се намалува. Температурата на морската вода во поларните региони е околу 0.
МОРЕ СО ОЧИЛА
Оптичките својства на морето се боја и проѕирност и овие физички својства зависат од количината на честички во водата, рефракција на Сончевата светлина, бојата на карпата што лежи на морското дно, длабочините на морето, на флората и фауната што живеат во тоа море.
Потоплите мориња се сини бидејќи имаат голема проѕирност поради помалото присуство на планктон во водата.
Постудените мориња се сиви или зелени поради присуството на планктони и помалата спроводливост.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumДАЛИ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОБРЗО?
Движењето на морската вода се случува под влијание на ветерот,поради различната густина на морската вода, привлечните сили на Сонцето и Месечината, вулканските ерупции и земјотресите.
БРАНОВИ
Брановите се формираат поради влијание на ветерот на површината на морската вода. Колку е посилен ветерот, толку е поголема должината и висината на брановите.
ВОДАТА И СТРУЈАТА НЕ ОДАТ ЗАЕДНО
Морските струи претставуваат големи количини на океанска вода што се движат како реки, предизвикани од силни ветрови над океаните. Морските струи го загреваат или ладат воздухот долж брегот и на тој начин влијаат на климата. Разликуваме топли и ладни морски струи.
Топлите морски струи се движат од топлата зона кон умерената, а ладните струи се движат од студената кон умерената зона.
КОГА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ ГИ ЗАМЕША ПРСТИТЕ
Плимата и осеката се пораст и пад на морето што се случува два пати на ден на повеќе места. Последица е на влијанието на гравитационата сила на Месечината.
Водата од страната на Земјата која е поблиску до Месечината трпи најголемо влијание на нејзиното гравитационо поле и обратно.Како резултат на тоа, се формираат плимата и осеката, кои ја следат Месечината во нејзината орбита околу Земјата.
ДА ПОСОЛИМЕ МАЛКУ?
Соленоста ни кажува колку грама сол има во 1кг морска вода. Се изразува во промили. Соленоста на водата зависи од температурата на водата, испарувањето, врнежите, морските струи и од благите води кои што се влеваат во морињата.
ОМГ ИНФО
Просечната соленост на светското море е 35%, што значи дека 1кг морска вода содржи 35 грама сол. Морињата околу екваторот имаат помали количини на сол поради честите врнежи од дожд, додека морињата во суптропските области имаат поголема количина на сол поради поголемото испарување. Црвеното море има најголема соленост дури 42%.
Својства на морската вода
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!