ШТРЕБЕР ДОМАШНО
МАКЕТА НА ВНАТРЕШНОСТА НА ЗЕМЈАТА
Од пластелин направи макета на внатрешноста на Земјата.
Еве како:
Од жолт пластелин направи топка за Земјиното јадро и неговата висока температура.
Од портокалов пластелин направи внатрешна обвивка на Земјиното јадро, а од црвен пластелин надворешна обвивка на јадрото, така што жолта топка која претставува Земјино јадро, ќе ја замоткаш со портокалов пластелин, а потоа замотај го со црвениот пластелин.
На крај од кафен пластелин направи тенка литосфера или Земјина кора.
Кога ќе ја направиш оваа топка, пресечи ја како би ги видел сите три слоја на Земјината површина.