Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaЗемјата на глобус и географска карта
Глобусот е најверната претстава на Земјата. Тој ни овозможува да добиеме точна претстава за обликот на Земјата, континентите и океаните.
На глобусот има малку географски облици, но сите тие се прецизно прикажани.
Географска карта е математички намален графички приказ на Земјата на рамна површина.
Ако се земе во предвид дека глобуст е тркалезен, а картата е рамна, има деформации при движење од земјината топка на картата.
Ако ги земеме областите помеѓу два меридијани, ако ги исправиме и составиме, добиваме нецелосна карта. Со пополнување на празнините и истегнување на ваква карта добиваме целосна карта.
Географските карти се користат повеќе од глобуси.
На картите е можно е да се претстави одреден мал дел од површината на Земјата.
Географскиот атлас е книга која претставува збир од голем број географски карти.
Во атласот најчесто наоѓаме разни карти, светски карти, зголемени карти на земји, климатски карти и слично.
СОДРЖИНА НА ОПШТА ГЕОГРАФСКА КАРТА
Општите географски карти содржат основни појави на делот од Земјата што ги прикажува оваа карта.
Во зависност од големината на картата, некои од следните елементи се прикажани на оваа карта:
- распоред на копно и море
- релјеф
- реки
- езера
- вегетација
- патишта
- населби
- граници и сл.
Од наведените елементи гледаме дека не се сите природни, некои се и човечко дело.
Елементите на картата ја сочинуваат географската содржина на картата и се означени со картографски знаци - во различни бои, линии и симболи.
ВИДОВИ ГЕОГРАФСКИ КАРТИ
Најзастапени се општите географски карти, покрај нив има посебни карти на кои има само одредени елементи т.е. само одредена тема. Таквите карти се нарекуваат тематски карти.
Тематските карти се разновидни и покажуваат практично сè што изучува географијата.
Некои примери на тематски карти се:
- туристички
- индустриски
- политички
- климатски и разни други карти.
Земјата на глобус и географска карта
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!