ПРИРОДНИ РЕСУРСИ И ЕКОНОМИЈА
Италијанскиот мермер е познат и важен природен ресурс.
Италија нема други извори на енергија, така што водениот потенцијал на алпските реки е значаен.
Во италијанската економија водечка улога има индустријата која се базира на увезени суровини.
Италијанската автоиндустрија е светски позната, а после неа тука се бродоградбата, хемиската индустрија и друго.
Од земјоделските култури, во Италија се карактеритични медитерански култури - маслинки, агруми и винова лоза, кои потоа се користат за производство на светски познати италијански вина.
Сточарството било развиено во алпскиот дел на Италија, додека овчарството било застапено на Апенините.
Во однос на приходите од туризмот, Италија е еден од лидерите во светот. Брегот, медитеранската клима, снежните врвови на Алпите, вулканите, културно-историското наследство ја прават Италија водечка туристичка дестинација.