Premium status ti omogućava:

Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaЧесто сакаме да се тркаме со другари. Како во реален живот, така и во видео игри.
Физиката, исто така се занимава со поимот брзина. Во физиката, за да можеме да го споредуваме движењето на повеќето тела, ќе користиме нова физичка величина, која се нарекува брзина.
Поголема брзина има телото кое во текот на истиот временски интервал преминува подолг пат. (Едно момче за 5s преминува 20m, а другото 25m. Кое има поголема брзина?).
Поголема брзина исто така има телото кое за пократко време преминува исто или поголемо растојание. (Едно момче за 10 минути преминува 500 метри, а другото за 7 минути преминува исто така 500 метри.
Кое од нив двајца е побрзо, те. кое има поголема бразина?) Споредување на брзината...
1. Најголемата брзина ја има тој кој за пократко време ќе ја премине целата патека (Еднен такмичар за 15s преминал 100 m, а останатите 16s и повеќе... Значи, најбрз е тој кој истата патека ќе ја премине за помалку време);
2. Најголемата брзина ја има тој кој за истото време ќе го премине најголемото растојание (Наставникот го мери времето и за 10s кој ќе премине најдолг пат, тој има најголема бразина).
БРЗИНАТА се обележува со пишани латинични букви.
Мерната единица за е БРЗИНАТА метар во секунда (m/s).
При движењето на телото разликуваме:
ПРАВЕЦ на движење – претставува положба на патот по кој телото се движи (нпр. хоризонтални, вертикални, коси...). Секој правец има две насоки.
НАСОКА на движење – зборува кон што телото се движи (напред, назад, лево, десно, горе, долу) (нпр. автомобилите се движат по спротивни насоки во улиците, а имаат ист правец).
Доколку некоја улица е еднонасочна тоа значи дека сите моторни возила смеат да се движат само во една, дозволена насока, те. дека на сите им е ист правецот и насоката на движењето.
Сигурно некогаш си слушнал дека имало работа на патот, нпр. авто – пат Белград – Ниш и дека е затворена лентата во насоката кон Ниш, што значи дека правецот на кој се изведуваат работите е Белград – Ниш, а дека застанувањето на патот, поради работа, можаат да го очекуваат само патниците кои патуваат кон Ниш, додека оние кои одат од Ниш кон Белград, можат непречено да патуваат.
Величините кои се определени само со своја бројна вредност и соодветна мерка единица се скаларни величини или кратко, скалари.
Скаларни величини се на пример: должина, површина, зафатнина, температура, маса, време, работа, енергија итн. (t=8s). Величините кои се определени со три параметри: бројчаната вредност (интензитетот), правецот и насоката се викаат векторски величини или скратено, вектори.
Векторски величини се брзина, која до сега ја работивме, но тие ги има многу повеќе. Векторските величини графички ги претставуваме со буква над која се става стреличка.