Во 6. одделение е кажано дека интструментот за мерење на сила е – динамометар.
Како што се гледа на сликата (а верувам дека сте го виделе на часот по физика), се состои од кука за која можеме да го закачиме предметот чија тежина сакаме да ја измериме, опруга која овозможува мерење и скала на која ја отчитуваме силата.
Освен динамометар со опруга, постои и дигитален динамометар, кој исклучително е прецизен.
Мерењето на непозната сила со помош на динамометар се нарекува статистичко мерење на сила. Иако практично и едноставно, често не е и можно директно да се добие вредност на силата која сакаме да ја знаеме. Индиректен начин на мерењето на вредност на силата чија вредност сакаме да ја дознаеме е динамичко мерење на сила.
Тоа е начин на мерење на силата со помош на другите познати вредности со кои силата е поврзана со познатите формули. Врз основа на II Њутнов закон, знаеме дека забрзувањето ɑ е сразмерно со силата F, а обратно сразмерно со масата m.
Да го разгледаме следниот пример.
Да земеме еден камион – играчка, да го наполниме со песок и кој е врзан за јаболки кои преку колцето се пуштени од ивицата од масата, така да го влечат камионот надолу. Бидејќи тој од другата страна е врзан за ѕидот, тој мирува, се додека не го одврземе. Тогаш ќе почне да се движи забрзано се до пречката Б која му ја поставивме за да не падне.

Камиончето за определоно време t, ќе премине растојание s, а ќе почне да се движи од состојба на мирување. Тоа значи дека можеме да ја искористиме формулата за преминат пат за рамномерно променливо праволиниско движење и да го пресметаме забрзувањето.

Масата можеме да ја дознаеме така што ќе ја измериме со вага.
Сега ги имаме сите податоци со примена на II Њутнов закон да ја пресметаме силата. Ова е индиректно мерење на силата. А за да успееме, го користивме метарот, линијарот и вагата, а потоа добиените вредности ги заменивме во формулата:

(иако прикажаните формули за преминатиот пат и забрзувањето ќе се учат во подоцни лекции, овде тие се дадени само како пример како може да се пресмета непозната сила).