Иако има малку обработливо земјиште, земјоделството е многу развиено.
Се одгледува пченица, компир и шеќерна репка, како и јачмен и хмељ, од кои се произведуваат многу квалитетни пива.
Во Моравија се одгледуваат винови лози од кои се прават познати вина.
Производството на енергија во Чешка е разновидно, најмногу со согорување на јаглен, околу 30 отсто од енергијата се добива од нуклеарните централи.
Чешка произведува повеќе енергија отколку што троши и го извезува вишокот.