Резервите на природен гас се големи, има и значителни резерви на боксит и јаглен, додека нафтените наоѓалишта се незначителни.
Индустријата е застапена, но се увезуваат сировини за машинската и транспортната индустрија.
Добро се развиени: петрохемијата, текстилната и хемиската индустрија (особено фармацевтската), како и електроиндустријата.
Поголеми и позначајни индустриски центри се: Дебрецин, Мишколц, Сегедин и Печуј.