Во Русија има доста различни природни богатства. Природните услови, особено климата го отежнува искористувањето на тие богатства.
Сибир во најголем дел се наоѓа во поларната и супполарната област и таму доминираат мочуришта, тундри и неплодно земјиште.
Појасот од Балтичко море до Тихиот океан е покриен со зимзелени шуми.
Наоѓалишта на нафта и природен гас има највеќе по течението на реката Волга - во пределот околу Каспиското езеро и на подрачје на Западносибирската низина.
Богати резерви на висококвалитетен јаглен има во Кузнецкиот базен (југот на Западносибирската низина) на подрачјето на Урал. А најголеми резерви на јаглен има во средниот дел на Сибир.
Најбогато наоѓалиште на железна руда има на подрачјето на европскиот дел на Русија, на подрачјето на Урал и Кузнецкиот базен. Руди на обоени метали има во целиот северен регион на Русија, највеќе на подрачјето на Урал, среден и источен Сибир. Во јужниот дел на Сибир, планините се многу богати на руди, ама се недостапни што го отежнува, па дури го оневозмножува нивното искористување. Во североисточниот дел на Сибир се наоѓаат најголемите наоѓалишта на злато и дијаманти во Русија.