Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaИсточна Европа
Источна Европа ја опфаќа територијата од средна и северна Европа на запад до границата на Европа со Азија на исток. На север се протега до Баренцово море, а на југ границата ја сочинува Црно море, Кавказ и Касписко езеро.
Ова подрачје му припаѓа на некогашната СССР, односно сегашниот европски дел на Русија и државите кои се формирани после распадот на СССР.
Целиот регион е пространа низина - Источноевропска низина, на места со благо ридесто разбранувана површина.
Припаѓа на старото европско копно, кое ја сочинува таканаречената Руска плоча. Во областа на Каспиското езеро, надморската висина е спуштена под нивото на морето.
Заради големиот простор на низината, реките имат долг тек. Најдолгите европски реки немаат добро развиена речна мрежа, затоа што количината на врнежи е мала. Најголемиот дел на реки се пловни, со голем број на вештачки езера, а некои се меѓусебно поврзани со канали како на пример Волга и Дон. Северниот дел на низината е мочуришен и има доста езера.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumИсточна Европа е оддалечена од извори на влага и има изразено континентална клима.
Континенталната клима се менува во правец север-југ од многу студена, со поостри варијанти на север, до вистинска степска клима, па достигнува до изразено сува клима па дури и пустинска во областите околу Каспиското езеро.
Само по брегот на Црно Море е застапена варијанта на Средоземна клима, прилагодена на континентални услови.
Во Источна Европа мнозинството од населението е со словенско потекло. Најголем број од нив се Руси, но тука спаѓаат и Украинците и Белорусите. Во прибалтичките држави живеат народи од угрофинската група. Во Молдавија живеат Романци.
Во последните две децении природниот прираст е доста намален и во сите држави има депопулација.
Иако миграцијата на овие простори отсекогаш била присутна, создавањето на нови држави со емиграција кон средна, јужна и западна Европа, станала поинтензивна. Од ова се гледа дека миграцијата и депопулацијаа се голем проблем за овој регион.
Држави во овој регион се:
- Украина
- Молдавија
- Белорусија
- Литванија
- Летонија
- Естонија
- Русија
Природните богатства на Источна Европа се многубројни.
Источна Европа поседува голема површина плодно земјиште, голем број на шуми и разни рудни богатства, до различни климатски услови и големи реки. Меѓутоа, заради формирање на нови држави, како и заради застарената технологија и економските трансформации, индустриското производство е во пад.
Источна Европа
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!