Поголемиот дел од од Европските реки припаѓаат на сливот на Атланскиот океан, кои ги делиме на мали морски сливови, додека реките од северот на континентот припаѓаат на сливот на Северниот-леден океан.
На северот на Европа има многу брзи но кратки реки. Тие се вливаат во Норвешкото, Балтичкото и Баренцовото море, а исто така поврзуваат и многубројни езера.
На истокот на Европа речната мрежа е послабо развиена бидејки врнежите таму се многу послаби, но реките се со подолги текови. Источноевропските реки се влеваат во неколку сливови, а разграничувањето им е на Валдајските ридови.
Средноевропските реки главно течат кон северот и се влеваат во Балтичкото и Северното море. Тие не се со долги теченија, а водостојот им зависи од периодот на годината.
Во западна Европа речната мрежа е многу добро развиена бидејки врнежите се обилни и чести. Реките се богати со вода и имаат изедначен водостој. Реките кои извираат во планините со себе носат многу речен нанос кој се таложи во долниот тек. Освен Рона, сите други реки од овој регион на Европа се влеваат во Атланскиот океан.
На Средоземјето речната мрежа е слабо развиена. Реките се кратки и со големи падови, затоа што теренот е повеќе планински. Заради климата водостојот им варира па така најнизок е во лето.
Природните Европски езера ги делиме според областа на:
Најголемиот број на езера се на Балтичко-езерската област и тоа се леднички езера.
Ледничките езера се исто така и езера од Алпската област. По површината се помали од Балтичките, но се одлично искористени за туризам.
Балканскиот полуостров има езера од различно потекло. На високите планини се наоѓаат мали леднички езера, додека поголемите езера кои што се од тектонско потекло најмногу се наоѓаат во котлините.