СТАРИОТ И НОВИОТ СВЕТ
Додека Колумбо не ја открие Америка во 1492 година, Европјаните ги знаеле само континентите Европа, Азија и Африка.
После Америка, по истражувањата на Кук 1770 година, откриена е Австралија, а Антарктик е откриен дури на почетокот на XX век.
Со оглед на тоа, континентите, познати од порано се континенти од Стариот свет, додека покасно откриените континенти се континентите од Новиот свет.
Колонизација
По откривањето на Америка, на далечни патувања и истражувања тргнале големи трговски компании, а по нив тргнале и колонизаторите.
Некои од европските држави (Велика Британија,Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија) стануват колонистички сили.
Овие држави го развивале своето стопанство и трговија во прекуморските земи кои претходно ги колонизирале. Исто така ги ширеле европските јазици и др. Европските жители мигрирале во колониите. Жители со европско потекло и денес се наоѓат во поранешните колонизирани земји.