БРАНОВ ФРОНТ
Да ги набљудуваме следните примери.
Доколку земеме проѕирен сад и во него додадеме вода, а потоа тој сад го ставиме на графоскоп (погледни ја сликата), а потоа со врвот од тенка шипка допре до водата, настанува бран во облик на концентрични кругови (концентрични кружници се оние кружници кои имаат заеднички центар).
Тоа е кружен бран. Во случај на површина од водата да спуштиме линијар, ќе добиеме рамен бран. Рамниот бран се движи само во еден правец, нормално на линијарот.
Кружницата најдалечна од местото каде шипката (изворот) ја допира е брановиот фронт на кружен бран, а правата (должината) која е најдалечна од линијарот (изворот) е брановиот фронт на рамен бран.
Оттука, според обликот на брановиот фронт се разликуваат кружни и рамни бранови. Изворот на брановите е осцилатор чии осцилации се пренесуваат низ просторот (во нашите примери тоа се шипка и линијар).
Карактеристики на брановите.
Сите поими коишто се воведени за осцилирање важат и за брановите, пак може да се зборува за амплитуда, фреквенција и енергија на брановите.
Брановите се простираат така што честичките кои осцилираат ги побудуваат на осцилирање соседните честички. На ист начин тие биле побудени од претходните.
Растојанието до кое осцилирањето ќе се пренесе за време од еден период на осцилирањето се нарекува бранова должина.
Бранова должина
Брановата должина е најкратка оддалеченост помеѓу две честички на еластична средина која осцилира на ист начин – целосно паралелно. Обично се обележува со λ (мала грчка буква ламбда), а единицата ѝ е метар (m). Наједноставно се мери помеѓу два соседни брегови кај трансверзални,

односно помеѓу два соседни пригушувања кај лонгитудиналните.