Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaНапоредници и меридијани
Географска мрежа е збир на замислени линии околу Земјината топка.
Оваа мрежа ја сочинуваат две групи на линии:
- меридијани и
- напоредници (паралели)
НАПОРЕДНИЦИ
Напоредници или паралели се замислени кружни линии кои ја заокружуваат Земјата во правец запад-исток.
Тие не се со еднаква должина, туку се паралелни.
Само една паралела ја има должината на обемот на Земјата-екваторот, инаку наречен хемисфера, тој е подеднакво оддалечен од Северниот и Јужниот пол и ја дели Земјата на пола. Од екваторот до половите паралелите стануваат се пократки и пократки додека на крајот не станат точки (полови).
Меридијаните се замислени полукружни линии кои се поврзуваат на Северниот и Јужниот пол.
Тие се протегаат во правец север-југ и сите се со иста должина, но не и паралелни.
Меридијаните ги нарекуваме и пладневници, бидејќи во исто време е пладне по целата должина на меридијанот.
Бидејќи сите меридијани се со иста должина, со договор е утврдено дека почетен меридијан е оној што минува преку опсерваторијата на Гринич – Гринички меридијан.
Меридијаните и паралелите се сечат под прав агол и формираат географска мрежа. Означени се со броеви – степени и со нивна помош можно е да се изрази точната положба на кое било место на Земјата.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumЗа што е наменета географската мрежа?
Со помош на географската мрежа можеме да ги одредиме прецизните локации на сите точки на Земјата.
Ова го правиме со превземање на пресекот на меридијаните и паралелите, на местото на вкрстување се наоѓа локацијата која не интересира.
Ако ја прикажеме мрежата на глобус, на Земјината топка, тогаш ја нарекуваме географска мрежа.
Ако истата таа мрежа ја префрлиме на мапа, ја нарекуваме картографска мрежа.
Напоредници и меридијани
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!