Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaЗемјина ротација и последици од Земјината ротација
ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВАТА
Планетата Земја постојано се движи околу својата оска, исто како и ние кога се вртиме во круг. Тоа вртење околу замислената оска се нарекува ротација.
На Земјата и се потребни 24 часа или еден ден за да направи еден полн круг околу својата оска.
ОМГ ИНФОРМАЦИЈА
Земјата се врти од запад кон исток.
Се движи спротивно од правецот на движењето на стрелките на часовникот.
ЗАМИСЛИ ДЕКА ПОСТОИ
Земјата се движи околу својата оска, но таа оска не постои, таа е замислена и поминува низ средината на Земјата.
На местата каде што земјината оска излегува на површината на Земјата се наоѓаат точките на Северниот и Јужниот пол.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumДЕН И НОЌ
Поради ротирањето - вртењето околу својата оска, страната на Земјата која што Сонцето ја осветлува се менува.
Сонцето прво ја осветлува едната хемисфера на Земјата и таму е ден, а за тоа време другата хемисфера на Земјата е неосветлена и таму е ноќ.
МЕНУВАМЕ ДЕН ЗА НОЌ, МЕНУВАМЕ НОЌ ЗА ДЕН
Бидејќи Земјата постојано се врти, така се менува Земјината хемисфера каде што Сонцето сјае тука денот станува ноќ - а на другата страна на Земјината хемисфера ноќта станува ден.
Сонцето прво ја осветлува источната хемисфера и тоа е дневна хемисфера, додека западната хемисфера е неосветлена и таа претставува ноќна хемисфера.
НА ГРАНИЦА
Линијата помеѓу дневната и ноќната хемисфера ја нарекуваме граница на осветленост или терминатор. Таа граница не претставува остра линија, туку претставува постепено преминување од ден во ноќ и од ноќ во ден.
Преминот меѓу денот и ноќта се нарекува самрак, а помеѓу ноќта и денот зора.
ТОЧНО НАПЛАДНЕ
Покрај тоа што разликуваме ден и ноќ, разликуваме и различни делови од денот, а тоа се утро, пладне и вечер.
Кога Сонцето е точно над некое место, односно кога е во зенитот, тогаш е пладне. Источно од тоа место пладнето е веќе поминато, а западно од тоа место пладнето треба да дојде.
На овој начин Сонцето делува на локалното време бидејќи постои разлика во времето на исток и запад.
СЕ ДВИЖИ ВО МИР
Велиме дека ”Сонцето изгрева на исток, а заоѓа на запад” но не е Сонцето тоа што се движи, туку Земјата се врти околу својата оска. Земјата прво ја свртува својата источна хемисфера кон Сонцето, и затоа велиме дека ”Сонцето изгрева на исток”.
Додека Земјата продолжува да се врти околу својата оска, таа ја врти својата западна хемисфера кон Сонцето и ние гледаме како тоа заоѓа на запад.
Земјина ротација и последици од Земјината ротација
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!