Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaНастанок на карпите и видови карпи
КАРПИ
Веќе кажавме дека литосферата или Земјината кора е надворешна обвивка на Земјата, која е изградена од различни карпи.
А од што се направени карпите? Карпите се направени од различни минерали. Карпите ги разликуваме по хемиски состав, физички својства, начин на настанување и по старост.
По начин на настанување, карпите ги делиме на три групи :
магматски,
седиментнии
метаморфони.
МАГМАТСКИ КАРПИ
Магматските карпи се најстари. Магматските карпи ја формираат основата на структурата на континентот и тие се најотпорни на надворешни влијанија, како дожд, ветер и температура.
Според начинот на кој се формирани овие карпи ги делиме на :
длабочински и површински.
КАРПИ СО ДЛАБОЧИНА
Длабочинските магматски карпи настануваат со притискање и ладење на магмата во внатрешниот дел на литосферата.
Најпозната длабочинска, магматска карпа е гранитот.
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumПОВРШИНСКИ КАРПИ
Површинските магматски карпи настануваат со ладењето на лавата.
Базалатот е една од површинските магматски карпи.
ПОД ВОДАТА
На дното на водените површини на Земјата се таложи песок, чакал и скелети од мртви организми, а кога овој талог ќе се стврдне, се формираат седиментни карпи. Овие карпи не се отпорни на врнежи и влага.
Во седиментни карпи спаѓаат :
варовникот,
јагленот,
кредата и
песочникот.
ПОД ПРИТИСОК
Кога на магматските и седиментните карпи дејствува висока температура и притисок, тогаш доаѓа до создавање на метаморфните карпи.
Кога на магматската карпа дејствува силен притисок, се формира метаморфна гнајсова карпа.
ФОСИЛИ
Веќе кажавме дека во составот на седиментните карпи се наоѓаат скелети на мртви организми. Тие скаменети делови од растенија и животни ги нарекуваме фосили.
Со проучување на фосилите, може да се дознае за флората и фауната во минатото и врз основа на тоа да се одреди староста на карпите.
РУДИ
Рудите се карпи кои во својот состав содржат метали и неметали.
Рудите се формираат со ладење и кристализација на магмата во внатрешноста на Земјата или лавата на површината на Земјата.
Според составот, ги делиме на :
Метални руди,
Неметални руди и
Фосилни горива.
МЕТАЛНИ РУДИ
Металните руди се наоѓаат во сите врсти на карпи. Тоа се руди од злато, сребро, железо, бакар, олово, цинк…
Ги користиме за производство на машини, метални конструкции, алати.
НЕМЕТАЛНИ РУДИ
Неметалните руди се наоѓаат во седиментни карпи, како што се гипс, кварц, песок, варовник и мермер.
ФОСИЛНИ ГОРИВА
Фосилните горива се материи со органско потекло и во нив спаѓаат јагленот и нафтата.
Јагленот се формира со јагленисување на растителната маса, под дејство на топлина во средина без кислород.
Нафтата се формира во морето од органски материи создадени од изумрени организми.
Настанок на карпите и видови карпи
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!