ОСЦИЛАТОРНО ДВИЖЕЊЕ
Осцилаторните движења ги среќаваме насекаде во природата. Месечината ротира околу својата оска, а се врти и околу Земјата. Земјата се движи околу својата оска, а ротира и околу Сонцето. Сонцето околу својата оска и околу центарот на нашата галаксија.

Но кружни движења постојат и многу поблиску во нашата околина: рингишпил, барабанот на машината за перење алишта или стрелките на часовникот...

Овие движења имаат кружни патеки и се нарекуваат кружни или ротациски движења.
А карактеристично е дека тие се повторуваат секојпат на истиот начин, т.е. имаат некоја ПЕРИОДИЧНОСТ.