Sadržaj je
zaključan!
Otključaj prelaskom na
premium nalog.
Osvoj Premium 10 min besplatno
Uradi dnevne zadatke i
dobićeš pristup
Premium
sadržaju na 10 min
Idi na
Shtreberove lekcije proizvod su puno rada i istraživanja. Podržite nas kupovinom Premium naloga i omogućite vašem detetu da uči na najbolji način. Hvala!
Kupi sadaПритисок на цврстите тела
ПРИТИСОК
На почеток сме на новата област „Притисок“. И ова е појава со којашто се среќаваме во секојдневниот живот, само што не знаеме да ја дефинираме.
Дрвено и железно тело со иста форма и димензии со различни сили дејствуваат на подлогата (влажен, израмнет песок), па во неа пропаѓаат до различни длабочини.
Две момчиња, со приближно исти маси, оставаат на снегот траги со различни длабочини ако едниот од нив има скии, а другиот нема. Во овие и во сличните примери велиме дека притисокот е различен.
ПРИМЕРИ
Има многу примери со кои дадениот поим може да се опише. Еден од најпростите е истата тула да ја поставиме на рамен, влажен песок, но да лежи на различни површини.
Ќе воочиме дека тулата најмногу пропаѓа, а со тоа и најмногу ја притиска подлогата, кога со најмалата површина ја притиска подлогата, а најмалку потонува кога подлогата ја притиска со најголемата површина.
ДЕФИНИЦИЈА
Притисокот бројно е еднаков на интензитетот на силата што дејствува нормално (под агол од 90 степени) на единица површина на површината што ја притиска.
Тој е изведена физичка величина.
Со зголемувањето на интензитетот на силата Fпритисокот расте, додека со зголемувањето на допирната површина Sпритисокот опаѓа.
Ако со F ја означиме силата што дејствува нормално на површината S, тогаш образецот за притисок (го означуваме со печатната латинична буква р) можеме да го напишеме во следната форма:
p = F/S
Ако ни е познат притисокот и површината на која дејствува, непознатата сила можеме да ја пресметаме со формулата:
F = p*S
Ако ни се познати притисокот и силата, површината на којашто дејствува силата се одредува со формулата:
S = F/p
Otključaj Premium
- Čitaj celu lekciju
- Rešavaj 10x više zadataka
- Osvoj 2x više bodova i energija ti se puni duplo brže
Za 1200 RSD postani Premium!
Postani PremiumФОРМУЛАТА
Единицата за притисок се изведува од формулата.
Научивме дека единица за сила е њутн (N), а за површина квадратен метар (m2). Врз основа на дефиницијата на притисокот, можеме да ја напишеме неговата единица:
[p] = N / m^2 = Pa
Единицата за притисок се нарекува ПАСКАЛ и се означува со Ра.
ВАЖНО
Важно е да се знае дека притисокот кај цврстите тела се пренесува само во правецот на дејствувањето на силата.
ИНФО
Во практика се користат и поголеми единици од паскал, како килопаскал (kPa) и мегапаскал (МРа). Врската со основата единица е следната:
1 kPa = 1000 Pa
1 MPa = 1000000 Pa
ПРИМЕР
Знаеме дека кога го притискаме моливот истовремено на двата краја, поголем притисок ќе почувствуваме на наострениот дел од моливот. Полесно ни е да сечеме со остар нож, а повеќе нè боли кога на ногата ќе ни застане другарката со штикла отколку со обувка со рамен ѓон.
ЗАДАЧИ ЗА ВЕЖБАЊЕ:
Колкав притисок врши метална коцка со раб од 20 cm (0,2 m) врз подлогата ако нејзината тежина е 280 N?
Решение:
a=0,2
mF=280н
p=?
___________________
S = a·a = 0,2m·0,2m = 0,04m
p = F/S
p = 280N/0,04m2
p = 7000 Pa ili
p = 7 kPa
Еве неколку примери за вежбање и учење на формулата:
Решение:
COOL
Еве уште еден пример од секојдневниот живот. Кога носиме кеса, обично ни ја засекува раката и ни е незгодна за носење. Размислете, како би можеле да го намалиме притисокот на кесата на нашата дланка?
Притисок на цврстите тела
Klikni na Start,
i rešavaj Premium
zadatke!
besplatno!