Една од најголемите стопански дејности во Франција е земјоделството. Обработливото земјиште се наоѓа главно во западниот и јужниот дел на земјата. Поради разликата во климата, можно е да се одгледуваат разновидни култури. Се одгледуваат житни и индустриски растенија, овошје и зеленчук, како и медитерански култури.
Карактеристика на земјоделството е виновата лоза, која се одгледува низ цела Франција. Во различни региони се одгледуваат различни видови грозје, од кои се добиваат вина познати во светот (бордо, шампањ и сл.), а понатамошната обработка на виното резултира со познатиот француски коњак.
Благодарение на големите пасишта, сточарството е добро развиено. Од особена важност е говедарството и производството на млечни производи, особено светски познатите француски сирења.