КЛИМА
Северна Европа има географско ниво од 55 степени до 71 степен. Од тоа можеме да видиме дека северните делови влегуваат во ладниот топлотен појас. Овие региони наизменично се менуваат помеѓу поларниот ден и поларната ноќ во текот на годината.
Суровата континентална и субполарна клима се делумно ублажени од влијанието на Голфската струја. Топлата морска вода, која тече по западните брегови на скандинавскиот полуостров, ги загрева водите на Норвешкото Море и воздухот над него, како и јужниот дел на Исланд.
ХИДРОГРАФИЈА
Скандинавските планини имаат големо количество на врнежи,снег и мраз кои се топат во текот на пролетта и летото, така што голем број реки имаат соодветна количина на вода во текот на целата година, а реките имаат голем енергетски потенцијал кој добро се користи. Во главно електричната енергија се добива во хидроцентралите, а Норвешка успеала сите 100 проценти од електричната енергија да ја добие по овој пат.