Земјоделството во Полска нема големо учество во економијата, но сепак вработува речиси четвртина од населението.
Полска е водечка европска земја во производство на компири, рж и шеќерна репка.

Полска е значаен извозник на месо и кожа. Минералното богатство на Полска е разновидно и големо. Најважната рударска и индустриска област е Шљонск на југоистокот на земјата.
Полска има значителни резерви на јаглен, природен гас, бакарна руда, олово, цинк и сребро, сулфур и соли. Прозводството и преработката на железо е од големо значење.
Големите пристаништа на север се исто така големи бродоградилишта.
Варшава е главен град на Полска и воедно најголем град.
Изградена е околу тврдина од 9 век. Пошироката градска област има близу 3,5 милиони луѓе. Најголем број на жители живеат во градовите Варшава и Краков.
Поголеми градови и индустриски центри се: Вроцлав, Лублин, Познан и Лоѓ. Центарот на развој на туризмот е градот Катовице.