Романските реки имаат голем потенцијал, но тој не е целосно искористен.
Најголемите хидроцентрали се на Дунав, а Романија ги дели со Србија - Ѓердап 1 и Ѓердап 2. Повеќе од половина од енергијата се добива во електрани, а четвртина во две нуклеарни централи.
Нафтените наоѓалишта се важни за економијата.
Карпатите и Трансилванија се богати со руди, првенствено јаглен, руди од железо, олово, цинк, бакар, алуминиум, ураниум.
Од индустриите најзначајни се: петрохемијата, металургијата, машинската, дрвната индустрија, индустријата за хартија и целулоза, индустријата за мебел и текстилната индустрија.
Од влезот во ЕУ, странските инвестиции во индустријата се зголемени.