СИЛА
Силата F е физичка величина која го опишува заемното дејствување на телото или дејствувањето на околината на некое тело.
Под дејство на силата, телото може да премине од состојба на релативно мирување во движење. Со силата можеме да ја промениме и брзината на движењето. Како што нашиот велосипедист го придвижува велосипедот:

Но, под дејство на сила, некои тела можат да ја променат дури и формата.
Како во случајот кога нашиот велосипедист случајно удрил во дрвото пред него и го скршил велосипедот, кој ги променил и формата и волуменот:

Ознака за СИЛАТА е F, а основната единица N – њутн.